Услови за користење

Сите посетители на веб-страницата www.macedonia.messefrankfurt.com се согласни со следните услови за користење:

1. Информации за Контролор со податоците:

"Zodax" доо Белград

Официјален застапник на Messe Frankfurt GmbH во Србија, Црна Гора, Северна Македонија

Ресавска 32

11000 Белград

Србија

+381 11 322 06 00

адреса за е-пошта: info@macedonia.messefrankfurt.com

2. Авторски права:

Содржината на овие веб-страници е заштитена со авторски права. Сите права ги поседуваат Messe Frankfurt GmbH и / или неговите поврзани компании (филијали на Messe Frankfurt GmbH ширум светот или официјалните застапници на Messe Frankfurt GmbH ширум светот) или трети лица кои ја обезбедиле содржината.

Содржината на овој сајт може да се користи бесплатно за известување за настан и / или за Messe Frankfurt. Ве молиме да нѝ доставите копија од примерокот на објавениот печатен медиум и да нé известите за употребата во електронските медиуми. Неопходно е да се наведат изворни наводи од содржината на „Messe Frankfurt“ и „Името на фотографот / авторот“. Ниту една промена не е дозволена освен модификацијата која му одговара на потребниот формат. За која било друга употреба, посебно за комерцијална употреба, потребна е претходна пишана согласност од компанијата Messe Frankfurt GmbH. Содржината што ја даваат трети лица може да се користи само по одобрување на соодветните права; ова особено се однесува кога содржината е идентификувана како таква.

Секое незаконско користење на содржината ќе биде предмет на гонење.

3. Заштитни симболи и жигови:

Симболите и жиговите на овие веб-страници можат да се користат само со претходна пишана согласност од компанијата Messe Frankfurt GmbH.

4. Одрекување на одговорноста:

Содржината на овие веб-страници е составена со најголемо внимание. Наспроти тоа, не е можно да се гарантира точноста и исправноста на содржината. Нема да бидеме одговорни за каква било штета која директно или индиректно ќе настане со користење на овие веб-страници, освен ако не е резултат на намера или грубо невнимание, а особено ги вклучува повредите на животот, телото или здравјето, поради намера или грубо невнимание.

Оваа веб-страница не ја верификува содржината што ја даваат изложувачите, особено онаа којашто се однесува на производите и иновациите, поради тоа нема да сносиме никаква одговорност за каква било штета настаната поради употреба на таква содржина.

Оваа веб-страница нема влијание врз моменталната или идната форма на содржини на веб-сајтовите на трети лица, поради тоа нема да биде одговорна за истата.

5. Политика за колачиња:

Оваа веб страница користи колачиња (Cookies) за кои е потребна Вашата согласност. Колачињата се состојат од делови на кодот инсталиран во пребарувачот кои се користат со цел оптимизација на веб-страницата. Колачињата помагаат при анализа на користењето на оваа веб страница. Ако инсталацијата на колачињата е заснована врз согласноста, таквата согласност може да се повлече во кој било момент. Доколку не сакате да прифатите колачињата да се чуваат на Вашиот компјутер или паметен уред, неопходно е да ги оневозможите колачињата за оваа веб-страница во Вашиот интернет пребарувач. Претходно инсталираните колачиња можете да ги избришете рачно од Вашиот интернет пребарувач. Оневозможувањето, односно бришењето, може да значи и намалување на определени функционалности на веб-страницата.

Во случај да наидете на неточни информации или линкови, љубезно Ве молиме да нé известите преку е-пошта. Исто така, Ве молиме своите предлози или сугестии да нѝ ги испратите на контактот info@macedonia.messefrankfurt.com.

Почитувани корисници, нашиот сајт користи колачиња (cookies) со цел давање на најдобро искуство. Со користењето на нашата интернет страница, се согласувате со користење на колачињата. Повеќе информации