Политика на приватност

"Zodax" доо Белград како официјален застапник на Messe Frankfurt GmbH за Србија, Црна Гора и Северна Македонија (во натамошниот текст Застапник или Контролор со податоците) ги обработува Вашите податоци за личноста (во натамошниот текст: податоци) на законски и транспарентен начин, поради тоа во продолжение Ви даваме преглед на начинот на обработка на Вашите лични податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на РСМ“, бр. 42/2020) и Регулативата на ЕУ (GDPR 2016/679).

1. Информации за Контролор со податоците:

"Zodax" доо Белград

Официјален претставник на Messe Frankfurt GmbH во Србија, Црна Гора, Северна Македонија

Ресавска 32

11000 Белград

Србија

+381 11 322 06 00

адреса за е-пошта: info@macedonia.messefrankfurt.com

2. Правен основ за обработка на личните податоци:

Целта и правниот основ на обработката на податоците зависат од деловниот однос воспоставен со Застапникот, со Ваша претходна согласност, во мерка во која е потребно заради исполнување на целта за која се прибираат податоците. Податоците можат да се прибираат и обработуваат со цел извршување на договорот (претходно воспоставен со Messe Frankfurt GmbH) и/или со цел заштита на легитимниот интерес на Застапникот (врз основа на договорните обврски кои Застапникот ги има кон Messe Frankfurt GmbH) и/или трети лица.

a) Давање услуги и извршување на договорот:

Обработката на Вашите податоци е неопходна за склучување и извршување на договорот за користење на производи и/или услуги на Messe Frankfurt GmbH и/или Застапникот на Ваше барање да може да преземе определени дејствија пред склучување на договорот. Доколку не оставите целосни податоци Контролор нема да биде во можност да одговори на Вашето барање за давање на услуги, со самото тоа нема да биде во можност да склучи договор со Вас.

б) Исполнување на легитимни интереси на Застапникот или трети лица (на пр. Messe Frankfurt GmbH):

Во определени случаи Застапникот врши прибирање на Вашите податоци врз основа на заштитата на легитимните интереси (во согласност со договорните обврски кои Застапникот го има со Messe Frankfurt GmbH), или на своите или на трети лица. Застапникот го заснова прибирањето и обработката на податоците врз легитимниот интерес во следните ситуации:

- кога целта на обработката е утврдување на ставови и мислења на клиентите во рамките на развојот на новите производи и услуги и/или унапредување на постојните (кои ги дава Messe Frankfurt GmbH), така за подобро да им одговара на потребите и желбите на клиентите;

- кога целта на обработката на податоците е неопходна за извршување на услугите на хостинг и бекенд инфраструктура;

- кога обработката е потребна заради покренување и водење правни постапки пред државните органи заради остварување на правата и интересите на Застапникот или други лица.

в) Согласност за обработка на податоците:

Вашата согласност за обработка на личните податоци на Застапникот му дава право да Ви доставува комерцијални информации и директни понуди за производи и услуги на Messe Frankfurt GmbH, како и да Ви се обрати заради испитување на пазарот или задоволството со производите и/или услугите кои ги дава Застапникот и/или Messe Frankfurt GmbH. Обработката за наведените цели се врши за Застапникот и/или Messe Frankfurt GmbH дополнително да ја приспособи понудата кон Вашите желби и потреби, за благовремено да Ве извести за новите услуги и поволности, за да добие повратни информации за дадените услуги, да ги разгледа предлозите за подобрување, за да Ве вклучи во истражувањата и анкетите кои ги спроведува. Недавањето на согласноста за обработка за наведените цели не влијае врз извршувањето на договорот кој сте го склучиле со Messe Frankfurt GmbH, на спроведувањето на пропишаните обврски, ниту врз обработка заснована врз легитимниот интерес на Застапникот или трети лица. Дадената согласност можете во кој било момент да ја отповикате со контактирање на Застапникот или со испраќање на барање за отповикување на согласноста на адресата за е-пошта дадена во делот 1.

3. Видови лични податоци кои се обработуваат:

a) Идентификациски податоци:

Со цел воспоставување на деловниот однос потребни нѝ се Вашите основни идентификациски податоци. Меѓу видовите на лични податоци кои Застапникот ги прибира се наоѓаат: име, презиме, број на телефон, факс, адреса за е-пошта, поштенски број, град, област, држава, пол, назив на трговско друштво, ДИБ, адреса на трговско друштво, веб-сајт. Освен ако не е поинаку назначено, сите лични податоци Застапникот ги прибира исклучиво со цел обезбедување на производите и/или услугите за своите клиенти и доколку клиентот не ги обезбеди сите барани податоци, Застапникот нема да може да ја даде бараната услуга. Сите податоци се прибираат со доброволна согласност на клиентите. Во случаи во кои Застапникот посебно нагласува дека некои податоци не се потребни при давање определени услуги, корисниците на нашите услуги можат да не ги соопштат овие податоци, без последици на исполнување или достапност на производите и/или услугите.

б) Податоци кои Застапникот ги прибира од трети лица:

Освен како Контролор на обработката, Застапникот ги обработува личните податоци како обработувач по основ на договорот со кој трети лица му довериле определени работи за обработка на личните податоци (на пр. Messe Frankfurt GmbH, филијалите на Messe Frankfurt ширум светот, некој друг застапник на Messe Frankfurt GmbH). Во тие случаи Застапникот ги обработува податоци исклучително по налог и упатства кои се во согласност со Законот и добиени од контролор со податоците.

4. Начин на обработка на личните податоци:

Вашите податоци ги прибираме од Вас директно или од трети лица, со Ваша претходно дадена согласност. Доколку Вашите податоци не сме ги прибрале директно од Вас, Застапникот Ве известува за условите за обработка на податоците најдоцна во рок од 30 дена од денот кога податоците се прибрани. Начинот на обработка на Вашите податоци ќе биде во согласност со законските прописи и мерки за заштита на Вашите лични податоци.

5. Пренесување на податоците на трети лица:

Пристапот до Вашите податоци ќе го добијат само оние на кои Вашите податоци им се потребни а да ги задоволат преддоговорните, договорните и законските обврски или за да комуницираат со Вас. Тоа може да ги вклучува:

a) Messe Frankfurt GmbH и филијалите на Messe Frankfurt ширум светот;

б) другите застапници на Messe Frankfurt GmbH ширум светот;

в) другите даватели на услуги;

г) надлежните органи.

6. Пренесување на личните податоци во друга држава или меѓународни организации:

Доколку се наоѓате надвор од ЕУ/EEA, Вашите лични податоци можат да се пренесат во земјите внатре во EУ/EEA или на некој друг начин надвор од Вашата држава каде што живеете. Во зависност од локацијата на клиентот, пренесувањето на податоците може да подразбира пренесување на личните податоци во некоја друга држава. Водиме големо внимание за да обезбедиме усогласеност со локалните закони при пренесувањето на податоците преку граница. Заради давање дополнителни информации за мерките за заштита на пренесувањето на личните податоци во друга држава или меѓународна организација можете да го контактирате Застапникот на некој од начините, во согласност со информациите дадени во делот 1.

7. Методи на обработка и чување на податоците:

Вашите лични податоци се обработуваат рачно и електронски, а за некои цели и автоматски. Податоците се чуваат до моментот на престанувањето на целта а обработка за којашто се прибрани, освен доколку не му се потребни на Застапникот за остварување на договорните обврски (на пр. со Messe Frankfurt GmbH) или легитимните интереси.

8. Правата на лицата на кои се однесуваат податоците:

Со цел заштита на Вашите права како лица чии податоци се обработуваат, можете во кој било момент да му се обратите на Застапникот на некој од начините, во согласност со информациите дадени во делот 1.

Како лице чии податоци се прибираат и обработуваат од страна на Застапникот ги имате следните права:

a) Право на пристап:

Од Застапникот можете да добиете информација за тоа дали Вашите лични податоци се обработуваат, и ако тоа е случај, одобрение за да им пристапите на своите лични податоци и да добиете соодветни информации за обработката (на пр. целта на обработка, вид на лични податоци, приматели на податоците, рок на чување, итн.). Кога личните податоци се пренесуваат во друга држава или меѓународна организација имате право да бидете запознаени со мерките за заштита во врска со пренесувањето. Застапникот на Ваше барање ќе Ви достави копија од личните податоци кои ги обработува. Ако го доставите барањето во електронска форма и доколку не сте побарале поинаку, информациите ќе Ви бидат доставени во електронска форма.

б) Право на исправка на податоците:

На Ваше барање Застапникот ќе ја верификува точноста на Вашите податоци, ќе ги ажурира и/или по барање ќе ги дополни.

в) Право на бришење на податоците:

Застапникот на Ваше барање ќе ги избрише Вашите лични податоци ако се исполнети законските обврски. Застапникот не може да ги брише Вашите лични податоци ако обврската за нивна обработка е пропишана со закон или станува збор за задолжителна обработка од страна на државниот орган.

г) Право на ограничување на обработката на податоците:

Застапникот на Ваше барање ќе ја ограничи обработката на податоците ако се исполнети законските обврски. Во овој случај, Застапникот нема да ги обработува податоците за која било друга цел освен за чување.

д) Право на преносливост на податоците:

Застапникот на Ваше барање ќе Ви ги достави личните податоци во структурирана, вообичаено користена и електронски читлива форма и ќе ви овозможи да ги пренесете до друг контролор без пречки од страна на Застапникот, доколку тоа е технички изводливо.

ѓ) Право на приговор:

Доколку сметате дека тоа е оправдано во однос на посебна ситуација во којашто се наоѓате, имате право во секој момент да поднесете приговор до Застапникот за обработка на Вашите лични податоци. Застапникот е должен да прекине со обработка на Вашите податоци, освен ако е претходно информирано дека постојат законски причини за обработка кои претежнуваат врз Вашите интереси, права или слободи или се во врска со поднесување, остварување или одбрана на правно барање. До Застапникот можете да поднесете приговор за обработка на Вашите лични податоци кои се обработуваат за потребните на директно огласување, вклучувајќи и профилирање, во мерка во која тоа е поврзано со директно огласување. Во тој случај Вашите лични податоци нема понатаму да се обработуваат за такви цели.

ж) Право на поднесување барање до Агенцијата за заштита на личните податоци:

Доколку сметате дека обработката на Вашите лични податоци се спроведува спротивно од одредбите на Законот или другите важечки прописи, можете да поднесете поплака до Агенцијата за заштита на личните податоци.

9. Промени на Политиката на приватност:

Застапникот го задржува правото да ја измени оваа Политика на приватност во кој бил момент така што Ве известува на оваа веб-страница. Доколку промените влијаат врз активностите за обработка извршени врз основа на согласноста на клиентите, застапникот ќе побара нова согласност од корисникот, доколку тоа е потребно.

Оваа Политика на приватност е подготвена врз основа на одредбата од локалниот Закон за заштита на личните податоци („Службен весник на РСМ“, бр. 42/2020) и Регулативата на ЕУ (GDPR 2016/679).

Почитувани корисници, нашиот сајт користи колачиња (cookies) со цел давање на најдобро искуство. Со користењето на нашата интернет страница, се согласувате со користење на колачињата. Повеќе информации